Вчера околу 15 часот, на регионалниот пат Радовиш – Штип, кај подвозникот од локалниот пат од бања Кежовица, на местото викано „Калимерово“, С.И. (66) од село Градец, Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „Ровер“ со струмички регистарски ознаки излетал надвор од коловозот и се превртел.

С.И. се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во комплекс клиники “Мајка Тереза”. Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.