Маж почина на Велигден во сообраќајна несреќа во прилепско, информира МВР. Вчера во 17:40 часот на локалниот пат село Крушеани-село Обршани, прилепско, 59-годишниот В.К. од село Подвис, управувајќи патничко возило „Пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
По незгодата возачот со возило на Итна медицинска помош Прилеп бил пренесен во болница во Прилеп, каде во 18:40 часот починал. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.