Возач со БМР вчера попладне во 18.45 часот удрил и тешко повредил два пешака на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај с.Непроштено, информира полицијата.

Според МВР патничко возило „бмв”, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(30) од с.Глоѓи, тетовско, удрило во малолетен пешак и во М.А.(42), двете од Непроштено. По незгодата, пешаците се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде им се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.