Двајца полициски службеници и возач се повредени откако денеска со возило тој удрил во нивното службено возило, додека вршеле увид во друга сообраќајка.
Како што соопшти МВР, инцидентот се случил денеска во 16:55 часот во СВР Скопје на обиколница Скопје, во правец од село Арачиново кон село Сарај, пред село Смилковци.
Додека полициски службеници вршеле увид на сообраќајна незгода, се случила уште една сообраќајна незгода во која Р.А.(32) од село Отља, општина Липково, управувајќи патничко возило „сеат леон“, со кумановски регистарски ознаки, удрил во товарно возило ,,ман“, со полуприколка „шмидс“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(55) од Скопје, по што удрил во возило „бмв“, со германски национални ознаки, кое било учесник во претходната сообраќајна незгода и во службено патничко возило на МВР, велат од полицијата.
Со телесни повреди се здобиле полициските службеници и возачот Р.А., кои биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Бил извршен увид на местото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.