На улица „АСНОМ“ во Велес, синоќа околу 19:50 минути, мопед „Кивеј“ со велешки регистарски броеви управуван од 19 годишиот Ѓ.С. од Велес удрил 12-годишно дете кое ја преминувало улицата, пришто, пешакот се здобил со тешка телесна повреда и е пренесен во болницата во Велес каде е задржанo на лекување. Бил извршен увид на местото на настанот, информира портпаролот Верољуб Додевски.
Kaко што информира портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес Елеонора Јованова, синоќа околу 20 часот на одделот за хирургија со возило на Итна медицинска помош било донесено девојче на 12 годишна возраст повредена во сообраќајна несреќа при што се здобила со скршеница на клучна коска десно.
-Пациентката е задржана на болничко лекување на одделот за ортопедија, информира Јованова.
Портпаролот Додевски, информира за уште за еден несреќен случај синоќа околу 01.45 минути, кога 35 годишниот У.С. од Велес извршувајки работни задачи во пекара во Велес се здобил со повреда на левата рака. По укажаната медицинска помош во болницата во Велес бил пуштен на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.