Вработена во македонската Aрмија пријавила во СВР Куманово дека нејзин колега се обидел да изврши обљуба во кумановската касарна „Боро Менков”, потврди денеска МВР.
Настанот во кумановската полиција на 19 ноември во 19:20 часот, го пријавила вработената во АРМ.
Пријавила дека на 18.11.2019 околу 13:00 часот во касарната „Боро Менков” во Куманово нејзин колега се обидел да изврши обљуба над неа, се наведува во соопштението на МВР.
Од полицијата информираат дека е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.