Противпожарните екипи во моментов гасат во продавниците во приземјето на трговскиот центар Глобал, објави струмичката ТВ Вис.

Според информации од екипата на телевизијата која е на теренот, во моментов во пламен е продавницата Џо-Го, но се зафаќаат и други дуќани во близина.

Во моментов не може се утврди од каде почнал пожарот и која е причината за настанувањето.

-Огнените јазици што се кренаа над градот ги вознемирија струмичани и алармираа да се соберат голем број граѓани пред трговскиот центар, објави телевизијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.