На 02.02.2020 во 22.00 часот, полициски службеници од Полициска станица Штип ги привеле Ф.И.(42), С.Е.(36) од с.Селце и Р.А. од с.Пенуш, штипско, затоа што во 20.25 часот на магистралниот пат Штип-Радовиш, при контрола на патничко возило без регистарски таблички, во кое се превезувале, било утврдено дека тие не поседувале документи за идентификација и документи за возилото, а при прегледот во возилото била пронајдена поголема количина на риба. По целосно документирање на случајот, се вели во соопштението од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.