Десет лица, од кои пет малолетнички, се приведени во угостителски објект во Тетово.
Како што информираат од МВР, во периодот од 23.20 часот на 10.10 до 00.30 часот на 11.10.2020, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на ул.„Борче Кочовски“ во Тетово, сопственост на П.Д.(23) од Тетово.
Притоа, во објектот на една маса, со сопственикот биле затекнати уште девет лица, од кои пет малолетници, кои биле послужени со алкохолни пијалаци. Во присуство на Јавен обвинител, инспектор за малолетници и социјален работник биле извршени прегледи на сопственикот П.Д. и на М.М.(20), Д.Д.(18), А.Т.(21), С.Ј.(25) и пет малолетнички на возраст од 16 години, сите од Тетово, при што кај сопственикот била пронајдена прашкаста материја.
Во координација со Јавен обвинител сите 10 лица биле лишени од слобода, а биле известени и родителите-старателите на малолетничките. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.