Четириесет и петгодишната Х.Л. од Тетово во полиција пријавила дека неколку лица измачувале куче на улицата „ЈНА“ во Тетово.

Портпарлот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски истакна дека случајот е пријавен во 17:20 часот од страна на Х.Л. со која напаѓачите се расправале. Во врска со случајот едно лице било повикано на разговор во полициската станица Тетово.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.