Синоќа во 20.10 часот на ул.„Париска“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Карпош лишиле од слобода малолетник од Скопје.
Како што информираат од МВР, тој се сомничи дека околу 18.25 часот на бул.„Партизански одреди“, со употреба на сила, извршил кражба врз друг малолетник. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.