Дилер од Скопје изнајмил стан во Аеродорм каде што чувал марихуана и ја пакувал во мали пакетчиња подготвени за продажба.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.В.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Во текот на декември 2021 година, пријавениот набавил марихуана која ја чувал во изнамјен стан во Аеродром, каде што ја препакувал во помали количини за продажба. Дрогата била пронајдена при претрес од полициски службеници – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.