Припадници на Управата за криминалистичка полиција при српското Министерството за внатрешни работи во соработка со Царинската управа на Србија, запленија 6,5 килограми хероин, сокриени во автомобил марка „Форд Фиеста“ управуван од 55-годишниот македонски државјанин А. З.
Полицијата ја открила дрогата при претрес на возилото во близина на местото Лапово. Хероинот бил поделен во 12 пакувања, сокриени во специјално изработени бункери во автомобилот.
Македонскиот државјанин е уапсен под сомнеж за сторено кривично дело „недозволено производство и трговија со опојни дроги“ и му е изречена мерка притвор во траење од 48 часа. Со очекува тој да биде изведен пред Вишото јавно обвинителство во Крагуевац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.