Сообраќајна незгода се случи вечерва, околу 21 часот на булеварот „Партизански одреди“ спроти слаткарницата „Палма“.
Според првичните информации возило со скопски регистарски таблички удрило во разнесувач на храна преку „Кликни јади“. Мотоциклистoт поминал со полесни повреди.
Причините за сообраќајката не се познати, а повеќе информации околу сообраќајната незгода се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.