На 05.09.2020 во 12:10 часот било пријавено дека на ул.„Маркс и Енгелс“ во Струга се  случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со  струшки регистарски ознаки, управувано од Љ.А.(64) од Струга, патничко моторно возило „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(29) од с.Радолишта,струшко, и патничко моторно возило „шкода јети“ со полициски регистарски ознаки управувано од полициски службеник.

Во незгодата со повреди се здобиле Љ.А., А.Ф. и полицискиот службеник, кои биле пренесени во Медицински центар Струга за укажување на лекарска помош.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.