Во сообраќајка во италијанскиот град Пјаченца загина ќерката на македонскиот конзул и нејзиниот братучед. Како што објавува www.piacenzasera.it, 24 годишната Марија Витанова и една година постариот Методиј Витанов се возеле во Рено Клио и удриле во ограда.Марија е ќерка на конзулот Столе Витанов.
Од ударот автомобилот се запалил па набрзо дошле пожарникари кои го изгаснале огнот и ги извлекле телата на настраданите.Според некои сведоци што ги слушнала полицијата, Реното најпрво удрил во автомобил во близина на кружниот тек и изгубило контрола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.