Вчера во полициската станица Ѓорче Петров било пријавено дека околу 12 часот во селото Кучково, М.Р.(74) од Скопје, додека вршел градежни работи во неговата семејна куќа (влечел котур со кабел), паднал и починал.

Лекар од Итна помош констатирал смрт како последица од струен удар. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.