Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје се изречени 133 казни, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции, девет за возење без возачка дозвола, 16 за управување под дејство на алкохол, две за некористење сигурносен појас, една за минување на црвено светло, осум за нерегистрирани и технички неисправни возила и 11 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи – велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.