На територијата на град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера се изречени вкупно 220 мерки, меѓу кои има 51 казна за возење повеќе од дозволената брзина.
Казнети се 16 лица кои биле без возачка дозвола, а 16 прекршоци се што ги чинат возачите на мотоцикли.
Изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, 13 за возење под дејство на алкохол, седум за некористење сигурносен појас, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло), 68 санкции за непрописно паркирање – стои во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.