Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден продолжиле засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје се изречени вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 82 санкции, 12 за возење без возачка дозвола, четири прекршока што ги чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, 33 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло.

Од МВР информираат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.