Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територијата на град Скопје изречени се вкупно 207 мерки.

Меѓу мерките 40 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 41 за возење без возачка дозвола, 14 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, девет за некористење сигурносен појас, пет за возач почетник.

Од МВР најавуваат продолжување на засилените акциски контроли и во наредните денови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.