На територијата на Град Скопје вчера изречени се вкупно 328 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина – 97 санкции, 26 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.

Изречени се 26 санкции за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас, шест прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возач почетник, 70 санкции за непрописно паркирање.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.