На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 236 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 83 санкции, во рамки на засилените сообраќајни контроли.
Од МВР денеска информираат дека од вкупниот број на изречени мерки, 24 се за возење без возачка дозвола, 15 за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Исто така, изречени се и девет санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), пет за некористење сигурносен појас, 49 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.
Од Министерството за внатрешни работи апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и за посигурни патишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.