СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(25) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.06.2021, полициски службеници од СВР Скопје извршиле преглед над пријавениот при што пронашле и одзеле марихуана и амфетамин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против В.С.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнениe за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 09.04.2021, при извршен преглед над возило и пријавениот, бил пронајдена и одземена марихуана.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.М.(30) од с.Радолишта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 15.06.2020, полициски службеници од ОВР Струга извршиле преглед над А.М., при што пронашле и одзеле марихуана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.