Полицијата информира дека денеска е најден мртов 62-годишникот кој беше пријавен како исчезнат на 31 декември. Тој бил најден во водите на реката Пена кај Фалише.
Денеска околу 11.30-11.40 часот, во водите на река Пена, во атарот на тетовско Фалише, пронајдено е телото на И.Л.(62) од Тетово, за кого на 31.12.2021 беше пријавено дека се оддалечил од домот. Неколку дена потоа по И.Л. интензивно се трагаше со екипи на СВР Тетово, а во потрагата беа вклучени и кучиња-трагачи, информира СВР Тетово.
Во текот на денот се организира увид во координација со Јавен обвинител и со учество на лекар по судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.