Членови на арачиновската криминална група вчера вечер биле изрешетани во Чаир, дознава „Нетпрес“, според чии извори се работи за Н. Ајети и Б. Ајети.

Според полицискиот билтен, вчера во 17.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ било пријавено дека од спортска обложувалница во населбата Топанско Поле биле донесени А.Н.(39) и А.Б.(45), повредени од огнено оружје.

Според пријавеното, едно лице, поради претходно недоразбирање со А.Н. и А.Б., вработени како приватно обезбедување во обложувалница на ул.„Втора македонска бригада“, со пиштол испукало неколку проектили кон нив.

Според полициските извори на „Нетпрес“, двајцата се припадници на арачиновската криминална група.

Информациите од градската болница велат декс еден од нив е во животна опасност, а другиот е во критична состојба, бидејќи имаат прострелни рани едниот во абдоменот, а вториот во карлицата.

Од полиција велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.