Во периодот од јануари до јуни 2019 година се пријавени вкупно 368 кражби на велосипеди, информираат од Министерството за внатрешни работи. Речиси нема ден да не биде украден велосипед.
Објавите за украдените велосипеди се чести на фејсбук-групата „Украдени точаци“, каде што сопствениците споделуваат објави и карактеристики за украдените миленици на две тркала, но и искуства дека полицијата тешко ги пронаоѓа.
Нова Македонија неодамна пишуваше за украдени велосипеди и побара одговор од Министерството за внатрешни работи да каже колку пријави за украдени велосипеди добиле од почетокот на годинава, заклучно со јули, и колку од украдените велосипеди се пронајдени. За потребите на текстот не го добивме одговорот, но ни беше испратен пред некој ден.
Во периодот од јануари до јуни 2019 година се пријавени вкупно 368 кражби на велосипеди (кражби и тешки кражби). Гледано по подрачја, на подрачјето на СВР-Скопје биле украдени 159, а во СВР-Битола имало 70 пријави. Од преостанатите, на подрачјето на СВР-Охрид се пријавени 44, потоа во СВР-Струмица 42, а во СВР Куманово 18.
Во СВР-Штип пристигнале 17 пријави, а во СВР-Велес 13 пријави, додека само пет случаи на украдени велосипеди биле пријавени во СВР-Тетово.
Како што информираат од МВР, во 2018 година се пријавени 628 кражби на велосипеди, но не информираа колку од украдените велосипеди се пронајдени и вратени на нивните сопственици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.