На 28.03.2019 во 18.45 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улица „Браќа Ставреви“ во Кочани, во објект во сопственост на хотел, настанал пожар во кој со изгореници се здобил вработениот А.Т. (59) од Кочани.

Тој, по укажаната лекарска помош во Јавната здравствена установа-Кочани, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица-Кочани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.