Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во пет сообраќајни незгоди од вкупно 13 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во пет е причинета материјална штета.

Според податоците на СВР Скопје, од сообраќај исклучила 33 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач кој управувал под дејство на алкохол, 18 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Исклучени се и две технички неисправни возила, девет нерегистрирани, а издадени се и 156 казни за непрописно паркирање. Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 94 возила.

Полицијата евидентирала и пет пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, тројца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден возач кој не дал првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест за неправилно престројување, двајца кои не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и еден возач за непоседување зимска опрема во возилото.

Казнети се и 17 возачи за неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 19 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување моторно возило.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.