Македонскиот државјанин Азир А е приведен синоќа и одредено му е задржување поради предизвикување на тешка сообраќајна несреќа со повеќе повредени лица која се случила синоќа околу 17 часот кај Сириг, пренесува српскиот портал NS uživo.

Тој е осомничен дека поради неприлагодена брзина предизвикал сообраќајна незгода во која се повредени повеќе лица од три возила.

Во незгодата со тешки телесни повреди, но надвор од животна опасност е Радослав Ј.(61)  од Врбас и тој е задржан во Клиничкиот центар на Војводина, а уште 5 лица се превезени во Општата болница во Врбас и една во КЦВ во Нови Сад, сите со полесни повреди.

Станува збор за малолетни лица А.С. (7) A.С. (9), J.A. (2), J.С. (14) сите од Македонија како и Семра J. (36), исто така од Македонија, додека шестата повредена личност Петра M. (33) е од Словачка.

Медиумите најавуваат повеќе информации по истрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.