Цело семејство настрадало во тешката сообраќајна несреќа која во доцните часови се случи кај бензиската пумпа „Лукоил“ на влезот во Драчево, дознава „Магазин“. Според неофицијалните информации на порталот, во сообраќајката настрадал поранешен полицаец од ПС Драчево.

До несреќата дошло кога автомобил „рено 5 кампус“ се судрил со камион за собирање на ѓубре. Три лица починале на лице место, а две лица починале на скопските клиники. Неофицијално меѓу загинатите има и деца.

Полицијата и јавен обвинител вршат увид на местото на несреќата, по што МВР ќе излезе со повеќе детали.

Повеќе фото на Прес24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.