Во неколку полициски акции во Скопје биле уапсени четири лица коишто биле фатени со различни видови дрога.
На 28 декември 2021 во 23.05 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје биле лишени од слобода Б.И.(39) и А.З.(35), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Денеска во 02.25 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.Д.(42) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и предмет со остатоци од кафеава прашкаста материја. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 28 декември 2021 во 10.00 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.