Петмина затвореници во моментов се забарикадирале во штипскиот затвор и се жалат на нерамноправен третман со другите затвореници.

Како што дознава ТВ Стар, кај нив биле пронајдени мобилни телефони, што е спротивно на правилата на затворот, заради што им се одземени. Но, петемина затвореници се жалат дека мобилни имаат и други затвореници, и дека тие се привилигирани и ги користат за разлика од нив.

Затворската управа преговара во моментов со нив. Тие се закануваат дека ќе се самоповредат бидејќи кај себе имаат вилушки од приборот за храна.

Ова е линк од преносот од затворот на ФБ:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.