Синоќа во 20.30 часот, од страна на полициски службеници од Полициското одделение Галате, во село Неготино, општина Врапчиште, бил приведен М.Б.(30) од с.Неготино, сопственик на угостителски објект во селото, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”.
При извршена контрола во објектот, полициски службеници констатирале дека објектот работи, а во него имало околу 25 гости, спротивно на одлуката на Владата за работа на угостителските објекти. По документирање на случајот против него ќе виде поднесен поднесок по.чл.206 од Кривичниот законик. Од страна на Државен пазарен инспекторат Гостивар објектот бил затворен и запечатен со пломба, по што од страна на Б.Б.(37), од с.Неготино, брат на М.Б., пломбата била отстранета, по што и тој е лишен од слобода – информираат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.