Во Куманово, во местото викано „Менкова Колиба“ вчера бил најден рачен ракетен фрлач. Случајот во СВР Куманово го пријавило лицето А.Е. од овој град, кој во својот опис во полицијата кажал дека експлозивната направа ја забележал во неговата викендица.
– Од страна на полициски службеници од СВР-Куманово и пиротехничар било излезено на местото, при што било констатирано дека се работи за рачен ракетен фрлач најверојатно од 2001 година и истиот бил безбедно подигнат за понатамошна постапка, информираат од Министерството за внатрешни работи во редовниот дневен Билтен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.