АД печатница „Киро Дандаро“-Битола информира дека синоќа по 22 часот во еден од магацините на фабриката се случил незначителен пожар и без последици. Во изјава за МИА, директорот на печатницата АД „Киро Дандаро“-Битола, Драги Милошевски рече дека е опожарена отпадна хартија и нема други штети врз ресурсите во фабриката.
Опремени сме со високозаштитна противпожарна опрема и пожарот беше изгаснат. Не се случи ништо посебно, ниту се предизвикани материјални штети, потврди Милошевски.
Од Територијалната противпожарна единица-Битола, командирот Костадин Поповски, кусо изјави дека нивна екипа превентивно во 22:22 часот пристигнала во фабриката, но немало потреба од интервенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.