На автопатот Гевгелија-Скопје граничната полиција во камион пронашла 142 мигранти, а возачот побегнал од местото.

На 10 јуни годинава, утрото полицијата прво го забележала камионот и приклучно возило, како се движи со голема брзина. Тие се упатиле кон камионот со цел да го запрат, а кај стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово возачот го сопрел товарното возило и избегал.

Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Б.А.(40) и К.Ѓ.(27) двајцата од Гевгелија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “криумчарење мигранти“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.