Обвинителството денеска пред судот презентираше видеоматеријали од тајното следење на Зоран Милевски – Кичеец, кој на првото рочиште за „Рекет“ призна вина и беше осуден на три години затвор.

Од прикажаните видеа се гледа дека биле следени возило „порше“ со бугараки ознаки и џип со македонски ознаки. Се прикажуваат и снимки од барот Интермецо, ресторан Воденица, во кругот на фабриката Охис, познат хотел во центарот на градот и други локации во Скопје во јуни 2019, кога биле наредбите за ПИ мерки.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашко Дукоски на ова реагираше дека нема никаков опис на активностите и на каков начин се поврзано со делото.

Обвинението за „Рекет”, го застапува шефицата на Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинетата Јанева се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.