Полициски единици, во акција во село грчец пронашле „Ауди“ украдено на булевар „Партизански одреди“ во Скопје

На 05.01.2021 по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „Ауди 6 кватро“, кое претходниот ден било пријавено дека е одземено на бул. „Партизански одреди“ во Скопје.

 

Во врска со случајот приведен е Н.Ш. (34) од Грчец, а извршен е и претрес во дом на Н.Ш. со цел целосно расчистување на случајот – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.