На 21.04.2021 околу 18.15 часот во с.Здуње, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Х.(32) од с.Дуф, гостиварско и малолетник од гостиварско Орќуше, кои во возило „ланчија“, без регистарски ознаки, превезувале огревни дрва без потребните документи.
Возилото и дрвата биле предадени на Шумска полиција за натамошна постапка. Двете лица се задржани во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.