Синоќа околу 23.50 часот, од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција Гостивар, на ул. „Карагач“ во Гостивар биле лишени од слобода М.Д. (19) од Гостивар, Ј.М. (20) од с. Речане, и двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години од Гостивар, кај кои била пронајдена марихуана.
Тие се приведени во Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка. По документирање на случајот против нив ќе биде изготвен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.