Вчера наутро околу 9 часот полициски службеници од СВР Скопје од ул.„Гостиварска“ на подрачјето на Ѓорче Петров ја лишиле од слобода Б.П.(65) од Скопје, соопшти денеска МВР.

Скопјанката се барала по потерница за издржување на казна затвор во траење од 17 години за сторени кривични дела „измами“ и „даночно затајување“.

МВР соопшти дека таа била спроведена во Казнено поправната установа Затвор Идризово на издржување на казната затвор.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.