Автомобил „нисан“ со грчки таблички е запален денеска на улицата Јане Сандански во Гевгелија.

Случајот во полиција го пријавила В.Р. (40), а како што соопшти полицијата, во пожарот на автомобилот нема повредени лица.

Возилото е сопственост на Т.М. (67) од Република Грција, кој имал привремен престој во Гевгелија.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.