Од почетокот на пандемијата со коронавирусот до крајот на изминатиов месец, Одделението за внатрешни работи од Гевгелија до Основното јавно обвинителство поднело вкупно 114 кривични пријави против физички лица за непочитување на забрана за движење и за неприменување на заштитните мерки против коронавирусот.

Покрај кривичните пријави од ПС Гевгелија велат дека во извештајниот период биле поднесени и осум известувања за заштита на здравјето на луѓето и дека биле спроведени 30 самостојни и шест заднички контроли на угостителски објекти со претставници на Државната пазарна инпекција.

За следните денови, како и за време на продолжениот илинденски викенд, најавени се уште позасилени контроли на угостителските објекти, особено што тоа од нив го побара и градоначалникот Сашо Поцков по средбата со сопствениците на кафулињата во центарот на Гевгелија кои во последно време не се дициплинирани во почитувањето на работното време.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.