Рано утринава, во 03: 59 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на бул.„Борис Трајковски“ едно лице со закана одзело пари од вработената. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Еден час порано, односно во 02: 45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бензинска пумпа во с.Арнакија, Скопско, две лица со закана од вработените одзеле пари. Увид на местото извршила екипа на СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување и на овој случај.

На 10.9.2019 во 22:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница на ул.„Благоја Стефковски“ едно лице со закана од вработениот одзело пари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.