Двајца малолетници се искасани од улични кучиња во текот на вчерашниот ден.

Како што соопштува МВР, во 11.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.С.(40) од Скопје пријавила дека на ул.„Ѓорче Петров“ нејзиниот 15-одишен син бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

Во 17.45 часот, пак, во Полициската станица Бит Пазар, Ј.Б.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„ Добри Даскалов“ неговиот 11-годишен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.