Вчера околу 10.00 часот во СВР Куманово било пријавено дека во куќа во с.Доброшане, кумановско, во сопственост на Ф.Т.(28), настанала експлозија на плинска боца, при што бил повреден Ф.Т.

Според пријавеното, тој запалил шпорет на дрва на кој била поставена плинска боца, која притоа експлодирала. Ф.Т. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.