Во полициска акција во скопски Сингелиќ,се пронајдени поголема количина хероин и кокаин, како и два пиштоли. Дрогата била скриена во бункери, а приведено е едно лице.

Според информациите на МВР, вчера полицијата извршила претрес во дом и други простории на Е.М. (27) од Синѓелиќ, Скопје за кој имало сознанија дека се занимава со купопродажба на хероин и кокаин на подрачјето на Скопје и во градови во источниот дел од државата.

При претресот, во специјално направени бункери се пронајдени околу четири ипол килограми хероин, спакувани во повеќе пакувања со различна големина и околу еден килограм кокаин, исто така распределен во повеќе пакувања, наменети за продажба.

 

При претресот се пронајдени и два пиштоли со околу 200 куршуми. Е.М. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство – информираат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.