Полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник по пријава дека синоќа со остар предмет нападнал врсник, соопшти Министрството за внатрешни работи.
На 28.11.2021 во 00:30 часот во с.Чегране, гостиварско од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода 16-годишен малолетник по претходна пријава дека на 27.11.2021 околу 22,45 часот на локален пат Гостивар с.Чегране во близина на поранешна железара, по претходна расправија, физички нападнал со остар предмет друг 16-годишен малолетник, посочуваат од МВР.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.фф/лв/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.