Како што соопштуваат од МВР, вчера околу 22.50 часот во Секторот за Внатрешни Работи Скопје било пријавено дека пред бурекџилница на ул.„Емин Дураку“ неколку непознати лица физички нападнале 13-годишно момче од Скопје.

Притоа, едно од лицата со остар предмет му нанел убодни рани во грбот и левата рака. Малолетникот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана помош и бил задржан на лекување.

Полицијата работи на случајот и ги превзема сите потребни мерки за сторителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.